Кристијано Роналдо го победи Лео Меси во една категорија, во таа дека за перидот од 1 мај 2022 до 1 мај 2023 година заработил повеќе од Аргентинецот. Имено Кристијано заработил 136 милиони долари, а Лео “само“ 130 милиони.
Ова го кажува “Форбс“, кој изготви листа на спортисти кои биле најмногу платени во изминатата година.
На таа листа води Роналдо, со како што рековме заработка од 136 милиони долари.
ЛИСТА
1.Кристијано Роналдо (фудбал) 136.000.000 долари
2.Лео Меси (фудбал) 130 милиони
3.Килијан Мбапе (фудбал) 120 милиони
4.Леброн Џејмс (кошарка) 119.5 милиони
5.Канело Алварез (бокс)110 милиони
6.Дастин Џонсон (голф)107 милиони
7.Фил Микелсон (гол) 106 милиони
8.Стеф Кари (кошарка) 100,4 милиони
9.Роџер Федерер (тенис) 95,1 милиони
10. Кевин Дурент (кошарка) 89,1 милиони