РФМ ја закажа ждрепката за Купот на Македонија!

314

Купот на Македонија оваа година ќе се одржи во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид, во периодот од 11 до 13 мај. РФМ ждрепката ја закажа за утре со почеток во 12 часот.

Во машка конкуренција пласман меѓ четирите најдобри екипи изборија бранителот, Вардар 1961, Пелистер, Алкалоид и Пролет. Полуфиналето е закажано за 11 мај.

Во женска конкуренција во ждрепката ќе бидат Вардар, Металург, Куманово и Ѓорче Петров. Дамите полуфиналните средби ќе ги одиграат на 12. мај, додека за следниот ден се предвидени двете финалиња.

ПретходноМакедонија до 18 поразена од Црна Гора на првата контрола во Бар!
СледноСем Алардајс и официјално го презема Лидс