Сампдорија пред распад, играч избега во Германија поради закани од навивачите

288

Екипата на Сампдорија која што има огромни проблеми сезонава и која што е пред испаѓање во Серија Б вечерва на домашен терен ќе се обиде да спаси што може да се спаси против тимот на Торино.

Тренер е и натаму Дејан Станковиќ кој поднесе оставка но истата не е прифатена, па тој и натаму го води тимот.
Од друга страна вечерва тој ќе мора да се снаоѓа без Абделхамид Сабири, кој во дебаклот против Фиорентина, (5:0), го подари својот дрес на навивач на противникот.

Тоа за навивачите на Сампдорија значи класично предавство, па го преплавија со закани. Сабири исплашен за својата сигурност заминал без прашање во Германија каде што живее неговото семејство.

Доколку Сампдорија како клуб не биде продаден во најкус можен рок му се заканува финансиски колапс и банкрот.

 

ПретходноУапсен навивач на Арсенал кој со ласер светеше во лицето на Мудрик
СледноЧави: Тоа ни ја одбележа сезоната, многуте промашени шанси