„Давеникот“ во Премиер лигата, тимот на Лидс, и официјално доби нови менаџер во името на Сем Алардајс. Искусниот стратег има за задача до јуни да го спаси тимот од релегација односно од преселба во понизог ранг.
Серијата на очајни резултати и порази на Лидс, ја доведе во ситуацијата управата на клубот да се реши на овој потег и да му ја врачи довербата на менаџерот кој низ својата кариера многу често бил дел од вакви моменти.
Негов асистент ќе биде Карл Робинсон, некогашен менаџер на МК Донс, Чарлтон и Оксфорд.