Денеска може да добиеме тројца полуфиналисти: Шанса за Атанасов да го оствари својот, но и сонот Аеродромци!

172

Трката за пласман во полуфиналето во кошаркарскиот плеј-оф продолжува денеска. Во центарот на вниманието е актуелниот македонски првак, кој во продолжение на сезоната ќе биде под водството на младиот Васко Атанасов, кој го зема местото на Драган Николиќ. Српскиот стратег заработи суспензија поради недоличното однесување на првата средба против Кожув, а по ова дојде до разделба со МЗТ Скопје.

На другата страна Кожув, кој пружи силен отпор во Скопје, во составот за оваа средба ќе го нема Братож, кој заработи суспензија од еден меч. Мечот е закажан со почеток во 19 часот, а МЗТ Скопје во Гевгелија ќе има шанса да стави печат на полуфиналето, а младиот стратег да го оствари својот, но и сонот на Аеродромци.

Први на терен денеска (18 часот) ќе истрчаат, Еуро Никел и ТФТ. Кавадарчани со добра игра во последната четвртина на првата пресметка направија брејк, па сега со помош на домашните навивачи можат да стигнат до полуфиналето.

Втората четвртфинална вечер предвидена за денеска ќе ја затворат Феникс и Пелистер. Битолчани се фаворити, но за да стигнат до следната рунда тоа ќе мора да го оправдаат на терен.

За утре е закажан мечот меѓу Работнички и Гостивар.

ПретходноКузмановски ќе оди на нов „магнет“
СледноКошаркарите ќе играат во хокеарска Арена!