Фудбалската асоцијација на Англија ќе поднесе обвинение против менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп поради неговите коментари за судијата Пол Тирни, објави Атлетик.
Ова се случи по дуелот против Тотенхем во рамките на 34. коло на Премиер-лигата, Клоп ги осуди постапките на Тирни.
По ова стана јасно дека ФА и официјално ќе го обвини Клоп за „недолично однесување“. Менаџерот на Ливерпул доби рок до 5 мај да даде објаснувања.
„Коментарите дадени од менаџер до службеник на натпреварот за време на интервјуата по натпреварот претставуваат недолично однесување бидејќи тие укажуваат на пристрасност и/или го оспоруваат интегритетот на судијата и/или се лични/навредливи и/или го оспоруваат угледот на судијата на натпреварот“, велат од организацијата.