Феникс е специјалист за изненадувања, Пелистер падна во Скопје!

159

Натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ навидум требаше да биде лесен за битолчани. Иако домашниот тим беше без помошта на Бојан Трајковски, сепак младите момци на Денис Дервишевиќ одиграа максимално мотивирано против далеку искусниот противник и на крајот дојде наградата, славеа со 83-81 и се израмнија во четвртфиналната серија на 1-1.

Хот со дабл-дабл од 20 поени и 10 скока беше најдобар кај својот тим, зад него беше Митревски со 15 поени, Димчевски и Петков имаа по 13 поени. На другата страна Стајиќ запиша 24 поени и 8 асистенции.

Во првата четвртина водството во поголем дел го имаше Пелистер, Втората четвртина беше резултатска нишалка, која на одморот беше решена во корист на Феникс, водеше со 43-40. И додека кај поголем дел сама по себе се наметниваше мислата дека Пелистер ќе го сврте мечот, Феникс успеа да воспостави контрола на резултатот и да води со четири, па и шест поени разлика (61-56).

Гостите на момент се вратија, на истекот на 30 минута имаа минимални 67-68, недоволни за сигурен финиш. Феникс отвори со 13-6 во последната четвртина за нови плус шест (80-74).

Хот не реализира две слободни фрлања при 82-81, но ниту гостите не го искористија нападот. Затрепере раката на Петков, беше половичен од линијата за слободни фрлања за 83-81 на 24 секунди до крајот. Пелистер повторно не искористи шанса да израмни или пак да погоди тројка за голема радост во редовите на Феникс.

ПретходноБарселона прва избори пласман на Ф4 турнирот во Каунас
СледноУлтрасите на ПСЖ на протести: Бараат заминување на раководството и „шут – карта“ за Нејмар! (ВИДЕО)