Халанд го урна рекордот по голови во ПЛ во една сезона

419

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд поставува нови граници во светот на фудбалот. Вечерва со голот против Вест Хем стигна до бројката 35 гола во Премиер лигата но и до апсолутен рекорд.
Халанд, кој има само 22 години, е единствениот кој постигнал 35 гола во една сезона во најсилниот англиски ранг, а да потсетиме до крајот треба да се одиграат уште пет натпревари.
Норвешкиот бомбардер ги урна претходните рекорди на Енди Кол од 1993/94 и Алан Ширер од 1994/95, а двајцата тоа го направија во сезона со 42 кола.

ПретходноМилан спасуваше бод против Кремонезе, Интер броеше до шест во Верона (видео)
СледноАтлетико со убедлива победа и скок на второто место во Ла Лига