Синоќа тимот на Барселона со голема мака стигна до нова победа во Примера откако во финишот на дуелот одигран на Ноу Камп, ветеранот Жорди Алба погоди во противничката мрежа и обезбеди триумф од 1:0.
Тренерот на Барса, Чави, изјави дека ова е клучниот меч за освојување на титулата сезонава.
„Го преживеавме и овој успех. За малку ќе платевме преголема цена. Пропуштивме многу чисти шанси. А потоа дојде голот на Жорди Алба. Ова е генерално тонот на сезоната, ни недостасува ефикасност. Тоа ја сумира сезоната во која создадовме многу шанси, но не ги искористивме. Но, игравме со дух и мислам дека ја заслуживме победата“, изјави Чави.
„Планиравме Кристенсен и Рафиња да играат малку подолго, но Рафа ми рече дека има проблем и дека морам да го заменам со некој друг. Гави исто така почувствува непријатност и јас го искористив тоа за да внесам повеќе играчи во нападот, додаде Чави.