Сите очи во ракометната јавност се свртени кон саботната пресметката во Битола помеѓу Пелистер и Вардар 1961. Победникот од оваа средба ќе ги реши сите дилеми околку шампионската титулата оваа сезона.
Битолчани по поразот во Скопје останаа со празни раце, но се случи пресврт и тоа благодарение на победата на Алкалоид против Вардар.
На оваа средба во салата „Боро Чурлевски“ на трибините ќе ги нема „Чкембари“. Фановите на битолскиот тим останаа на зборот, откако управата на Пелистер се огради од случувањата во СЦ „Јане Сандански“, момент што ги налути најверните.
Па токму затоа тие одлучија да бидат пред сала и оттаму да ја дадат својата поддршка на ракометарите против Вардар 1961.