Шпанска новинарка доби закани за силување поради прашање за Винисиус!

908

Шпанската новинарка Марија Моран се пожали на својот профил на „Твитер“ за закани и навреди кои ги добила поради прашањето поставено до Карло Анчелоти. Меѓу нив има и такви закани со силување и ја навредува неа и нејзината 18-месечна ќерка само затоа што прашала дали црвениот картон ќе го смири Винисиус Жуниор и ќе го спречи постојано да им замерува на судиите.

„Дали мислите дека Винисиус би користел еден црвен картон како лекција за постојано протестирање на судиите“, беше прашањето што таа го упати до Анчелоти.

Тренерот на Реал одговори дека смета дека нема потреба од негово исклучување и дека жолтите картони се доволна опомена.

Следуваше лавина негативни коментари на социјалните мрежи, од кои Моран ги истакна најгрдите за себе и за своето дете.

ПретходноФА отвори истрага против Клоп!
СледноНиколиќ со порака за збогум: Посакувам МЗТ Скопје да ја прослави нашата десетта шампионска титула!