Ѓорѓевиќ: Партизан и Реал, вие сте мои, одложете го натпреварот… на никого не му е до радост и навивање!

5840

По се она што се случи утринава во Белград, по оној масакр во кој еден тинеџјер уби неколку свои соученици, сите се во шок.

Александар Ѓорѓевиќ, иконата на Партизан и српската кошарка, исто така легендата на екс – југословенската кошарка, легендата на Реал Мадрид, емотивно ги замоли и Партизан и Реал утрешниот четврти меч од 1/4 финалето во плеј – офот во Евролигата, да го одложат.

Шок, неверица. Сочуство до сите семејства на настраданите. Моја Србијо, мои Партизан и Реал, реагирајте човечки и одложете го овој натпревар. Сега на никого не му е до радости на инавивање после ваква трагедија“ се огласи Ѓорѓевиќ.

ПретходноВо масакрот во Белград убиена е и ќерката на некогашниот тренер на Ц. Звезда!
СледноРоналдо го победи Меси, за една година заработил 136 милиони долари, шест повеќе од Аргентинецот!