Јувентус конечно победи, а и Влаховиќ „проработе“

89

Екипата на Јувентус го совлада Лече со 2:1 во 33.коло на италијанската Серија А што е прв триумф после четири меча без успех. За „Старата дама“ тоа е 19-та победа во шампионатот, а сите три гола на мечот паднаа во првото полувреме.
Прво на Сесај од Лече му поништија гол во 3. минута поради офсајд, па Јувентус дојде во водство со гол на Паредес од слободен удар во 15. минута. Десет минути подоцна Мирети реализира но ВАР го поништи голот поради офсајд.
Изедначи Сесај во 36 минута од пенал откако Данило играше со рака во сопствениот шеснаесетник. Сепак, пред крајот на првото полувреме Душан Влаховиќ на асистенција на Костиќ донесе водство на Јувентус и на крајот и победа затоа што резултатот не се промени во вториот дел. Тоа е прв гол на Влаховиќ по 11 меча.
Најмногу голови имаше во Салерно каде домашниот тим на Салернитана и Фиорентина одиграа 3:3. Домаќините водеа три пати, а Фиорентина изедначуваше.
Аталанта славеше победа од 3:2 над Специја. А Сампдорија впиша уште еден пораз и веќе може да се каже дека е второлигаш. Во Џенова вечерва славеше Торино со 2:0 со голови на Бонџорно во 31 минута и на Пелегри во 94 минута.

ПретходноТФТ им се реваншираше на кавадарчани!
Следно„Комити“: Влегуваме во раководните структури и ВОЛОНТЕРСКИ ќе работиме