L’Equipe: Готово е, ПСЖ одлучи што ќе прави со Меси!

598

ПСЖ нема да го продолжи договорот со Лионел Меси и аргентинската ѕвезда може да го напушти клубот како слободен играч на крајот од сезоната. Ова го тврди L’Equipe, завршувајќи ја приказната за драмата што настана откако Меси отпатува од Франција во Саудиска Арабија без дозвола на клубот да ја исполни својата договорна обврска за промоција на таа земја, поради што клубот го суспендираше.

Меси е промотор на Саудиска Арабија, за ова добива огромни пари и во таа земја отпатува само неколку часа по изненадувачкиот пораз од Лориен во последното коло. Наводно, тој ги очекувал вообичаените два дена одмор по натпреварот во недела, но клубот решил во понеделник да одржи тренинг на кој тој не бил присутен. Поради ова, ПСЖ го суспендираше Меси на две недели без натпревари и без тренинзи, но и без плата за тој период.

На пет натпревари пред крајот на првенството, ПСЖ има пет бода предност пред второпласираниот Марсеј. Според статистичарите, Меси не е само најдобар играч на тимот, туку и најдобар играч во Лига 1.

По неговото пристигнување во ПСЖ во 2021 година, Аргентинецот потпиша двегодишен договор со опција за продолжување на дополнителна сезона. Нема да се активира. По суспензијата, Меси има само уште три натпревари за ПСЖ, а потоа и одлука да ја продолжи кариерата. Се погласно се споменува неговото враќање во Барселона.

ПретходноНема доминација на Јокиќ, МВП признанието во рацете на Ембид!
СледноЕнтони Дејвис како Шек, Лејкерси го урнаа првакот (ВИДЕО)