Реал Мадрид синоќа на “Аноета“ во Сан Себастијан против Реал Сосиедад имаше ужассен меч. Не само што загуби со 0:2, туку одигра навистина далеку под своето ниво. Повеќе од јасно е дека сега “кралевите“ и дефинитивно ќе се свртат кон финалето на Купот на Кралот, каде се среќаваат со Осасуна како и кон полуфиналето во ЛШ, каде се среќаваат со Манчестер Сити.
А дека Реал синоќа игрше катастрофално лошо, говори и следниот податок, кој вистински го бламира. Имено голманот Тибо Куртоа реализирал два дриблинзи, додека играчите во поле Маријано Дијаз, Марко Асенсио и Дабни Себаљос не успеале да реализираат ниту по еден.
Значи голманот Куртоа бил подобар од сите овие тројца заедно, барем кога станува збор за дриблинзите.