Џад Белингем, еден од најдобрите и најбарани фудбалери во светот, инаку член на Дортмунд и репрезентацијата на Англија, се чини дека одлучи каде од јуни ќе ја продолжи својата кариера.
Како што денеска “Марка“ пренесува, а и сите релевантни медиуми во Шпанија, Реал Мадрид го договорил Англичанецот кој во јуни ќе потпише за “кралевите“. Дортмунд ќе добие отштета од 120 милиони евра, а Белингем ќе биде најплатениот фудбалер на светот.
Договорот ќе биде со важност до 2029 година, барем такви се најавите.
Очигледно е дека Реал Мадрид, односно Флорентино Перез знае што прави. Со Белингем средниот ред на Реал ќе владее во светот на фудбалот најмалку една деценија, ако се знае дека тука се и младите Валверде, Камавинга и Чуамени. Уште недостига трансферот на Мбапе или Халанд, или на двајцата во јуни 2024 година и пак Реал Мадрид да има тим составен од “галактикоси“.