Милијарда долари за две години: Фантастична понуда на Ал Хилал до Лео Меси!

3148

Земјотрес во фудбалскиот свет, поточна два. Првиот е суспензијата на Меси од страна на ПСЖ, а посебно причината за истата, а вториот е реакцијата на пребогатите шеици од С. Арабија.

Ова во контекст на тоа дека Катар (ПСЖ) и С. Арабија ама воопшто не се “мирисаат“ и токму таа одзмазда на катарците врз најдобриот фудбалер во светот е тема веќе два – три дена во светот на фудбалот.

Имено Ал Хилал, клуб од С. Арабија го “стресе“ фудбалскиот свет со неверојатна, фантастична понуда од Меси која изнесува една милијарда долари за две години или 500 милиони долари за една година.

Колку за потсетување, Роналдо во Ал Наср, исто така во С. Арабија, е плате со 200 милиони евра кои се смешна сума во однос на ова што Меси би го земал.

Очигледно е дека Арапите не сакаат да ја пропуштат шансата да го доведат Лео во својата земја. Почнаа со 300 милиони, па со 400 а еве денеска и со 500 милиони долари.

Примамливо и за Лео, посебно ако се знае дека најавеното враќање во Барса се компликува, а и сумата од 13 милиони евра е 40 пати помала од она што би го земал во С. Арабија.

Секоја чест за љубовта кон Барса, ама милијарда долари си се милијарда долари.

Нели?

ПретходноВест на денот: Реал знае што прави, Белингем на “Сантијаго Бернабеу“ до 2029!
СледноТиквеш го потврди Матлиески за свој нов тренер!