Некогаш беше еден од најдобрите фудбалери во светот, а сега е најлошиот тренер во историјата на Англија!

206

Френк Лампард (44), актуелниот В.Д.тренер на Челзи испишува негативна историја. Познато е дека тој некогаш беше еден од најдобрите фудбалери во светот, беше во главен во Челзи, капитен, еден од најдобрите ако не и најдобар фудбалер во Премиерлигата, репрезентативец на Англија.

Сепак, тоа е историја, а сегашноста вели дека е најлошиот тренер во историјата на Англија, поточно најлошиот тренер во најсилната лига во таа земја.

Имено Лампард откако се врати во Челзи како тренер, на тие шест меча заблежа исто толку порази во серија. Тука го сметаме и дуелите со Реал Мадрид во Лигата на Шамппоните. Ако се потсетиме дека пред да дојде во Челзи тој беше тренер во Евертон, и на последните четири меча забележа четири порази, тогаш доаѓаме до податокот кој вели дека Лампард на вкупно десет меча во серија има исто толку порази.

Тоа го имаше и еден Артур Кокс како тренер на Дерби во далечната 1988 година.

ПретходноСлукас со звукот на сирената го суреди Фенербахче
СледноАјнтрахт против РБ Лајпциг за трофејот од Купот на Германија