Доскорешниот тренер Драган Николиќ по заминувањето од клубот почувствува потреба да се збогува со луѓето со кои најблиску соработуваше изминативе месеци, како и со навивачите.
„По изречената казна, единствено рационално решение беше договорен прекин на соработката. Патиштата ни се разидоа, но останува мојата голема почит и благодарност за луѓето со кои најблиску соработував изминатиот период, како градоначалникот на општина Аеродром, извршниот директор на клубот, луѓето од стручниот штаб, кошаркарите и луѓето вработени во клупската канцеларија. Посебно ги издвојувам навивачите, на кои им посакувам во најскоро време да ја дочекаат и да ја прослават нашата десетта шампионска титула.“
Српскиот стратег доби суспензија од десет меча поради неспортското однесување на дуелот против Кожув, по што неизбежна беше разделбата со тимот, кој од денеска ќе го предводи Васко Атанасов.