Американската спринтерка Боуви најверојатно извршила самоубиство?

175

Веста за смртта на американската атлетичарка Тори Боуви, поранешна олимписка и светска шампионка, длабоко го потресе светот на атлетиката. Иако првите информации не открија ништо кога станува збор за оваа трагедија, неколку часа по истрагата се појавија првите детали во јавноста.

Имено, како што обајвил шерифот кој ја води истрагата, 32-годишната Тори со денови не била видена во јавноста и затоа полицијата отишла во нејзината куќа. Таму била пронајдена мртва, без видливи траги на насилство.

Се наведува дека Тори со месеци имала психички проблеми и затоа избегнувала да се појавува во јавноста. Деталната токсиколошка анализа ќе го даде конечниот одговор кога е во прашање можноста за самоубиство.

Американката најголемите достигнувања во кариерата ги постигна во периодот околу Олимписките игри во 2016 година. Тогаш и освои бронзен медал на Светското првенство во Пекинг во 2015 година, а на споменатите игри во Рио освои злато со штафетата 4х100 метри, сребро во спринт на 100 метри и бронза во трката на 200 метри. Последните одлични резултати ги забележа на Светското првенство во Лондон во 2017 година, каде што освои златни медали во трката на 100 метри и во штафетата 4х100 метри.

ПретходноБостон моќно против Филаделфија засилена со враќањето на МВП ѕвездата Ембид (ВИДЕО)
СледноДенеска промоција на Миленкоски: 20 имиња на списокот за Европската Златна лига