Бостон моќно против Филаделфија засилена со враќањето на МВП ѕвездата Ембид (ВИДЕО)

114

Кошаркарите на Бостон израмнија на 1:1 во полуфиналната серија од Источната конференција на НБА лигата, откако на свој терен ја совладаа Филаделфија со 121:87.

Бостон постојано беше во водство од крајот на првата четвртина, а најголемата разлика од 36 поени домашните ја постигнаа на крајот од последната четвртина.

Најдобриот учинок во победничкиот тим го имаше Џејлен Браун со 25 поени, Малколм Брогдон постигна 23 поени, со шест скока, а Дерик Вајт и Маркус Смарт додадоа по 15 поени.

Откако пропушти два натпревари поради повреда на коленото, за гостите играше најдобриот стрелец Џоел Ембид. За Ембид тоа беше и прв натпревар откако беше прогласен за најкорисен играч (МВП) во регуларниот дел од сезоната.

Тобијас Харис беше најефикасен во тимот на Филаделфија со 16 поени, Ембид забележа поен помалку, со пет блокади, а Тајрис Макси додаде 13 поени.

Следниот натпревар се игра ноќта меѓу петок и сабота во Филаделфија.

ПретходноАтлетико со убедлива победа и скок на второто место во Ла Лига
СледноАмериканската спринтерка Боуви најверојатно извршила самоубиство?