Клоп: Не е реално да веруваме дека можеме во Топ 4

168

Јирген Клоп смета дека на Ливерпул во моментов не му е важно да размислува за место меѓу четирите најдобри, бидејќи е далеку од реалноста. Манчестер Јунајтед и Њукасл се над Ливерпул, а двата тима имаат одиграно дури и помалку натпревари од „црвените“. Затоа, изгледа тешко за Ливерпул, кој инаку победи на последните пет натпревари во Премиер лигата, дека може да престигне некој од овие ривали.

„Не чувствувам дека е реално, но и не е важно. Се работи за веројатности. Доколку Њукасл и Манчестер Јунајтед ги добијат сите преостанати натпревари, тогаш немаме никакви шанси. Ако Брајтон ги добие сите свои натпревари, тогаш и тие се пред нас. Таква е ситуацијата. Мораме да ги добиеме нашите средби, па потоа да видиме каде тоа ќе не однесе. Во моментов сме задоволни со насоката, па мораме само да продолжиме во ист ритам“, изјави Јирген Клоп по синоќешната победа од 1:0 над Фулам.

ПретходноМурињо за судењето против Монца: Сум видел лоши судии, ама овој беше очаен!
СледноНавивачите на Партизан подготвуваат трогателно збогување со жртвите од масакрот