Трагедијата која што се случи во Белград, главниот град на Србија во која од страна на соученик беа убиени осуммина ученици како и едно возрасно лице, ја потресе буквално цела планета.
Судбината сакаше сето ова да се случи за време на одигрувањето на плеј оф серијата од Евролигата во кошарка помеѓу домашниот Партизан и Реал Мадрид. Вечерва од 20:30 часот се игра четвртиот меч од серијата во која Партизан води 2:1.
Истиот е закажан секако во Арената Штарк во која синоќа Реал го одработи задолжителниот тренинг.
Како што доликува, екипата на Реал во името на починатите, стоеше простум и молчеше една минута што секако е за огромен поздрав. Ја потврдува само човечката страна која се буди во секој кога ќе се случи ваква трагедија.
View this post on Instagram