Рома синоќа испушти важни бодови во битката за Лигата на шампионите откако заврши само 1-1 против Монца. Жозе Мурињо беше крајно незадоволен од судењето на натпреварот од страна на судијата Даниеле Чифи.
„Ова е најлошиот судија со кој сум се соочил во кариерата. Верувајте ми, тоа е вистина, а сум видел многу, многу лоши судии“, изјави Мурињо.
„Обично кога зборувам за судиите, тоа е затоа што тие имаат директно влијание врз играта. Во овој случај, тоа не е така. Тој беше само очаен, без емпатија и без желба да слушне некого. Даде црвен картон на играч кој се лизна бидејќи ја загуби силата во 96. минута од натпреварот. Има клубови кои велат „не го сакаме овој судија“ и си ја исполнуваат желбата. Рома не може да си го дозволи ова. Страшно“, изјави Португалецот.
Мурињо откри дека носи микрофон за време на натпреварите и го снима секој збор за да се заштити од казна.
„Не сум глупав. Носев микрофон и снимав се од влегување до излегување од теренот. Така се заштитив. Велат не победуваме кога Даниеле Орсато ни е судија, но посакувам тој да беше судија на секој натпревар затоа што типот има целосна контрола над ситуацијата, дури и кога ќе погреши. Мирен е и не се лути“, дополнил Мурињо.