Навивачи на ПСЖ со погрдни пароли пред куќата на Нејмар (ВИДЕО)

282

Група навивачи на Пари Сен Жермен вчера  ја посетиле куќата на Нејмар во Париз и со погрдни зборови барале од него да си замине. Се чини фрустрациите кај тамошната фудбалска јавност од однесувањето на најголемите ѕвезди на тимот како Меси и Нејмар ќе ги натера и двајцата ова лето да ја напуштат француската престолнина.

Бразилскиот напаѓач веќе извесно време е повреден и дури неодамна се врати во Франција за да го продолжи опоравувањето. Групата навивачи кои отидоа во домот на Нејмар откако Меси доби клупска суспензија, извикувале пароли како „Нејмар е*и се“, откако тој одговорил со „лајк“ на фотографија на Меси облечен во дресот на Барселона на Инстаграм.

Нејмар го одигра својот последен натпревар за ПСЖ во февруари, а се уште има активен договор со клубот до летото 2025 година.

ПретходноДенеска промоција на Миленкоски: 20 имиња на списокот за Европската Златна лига
СледноМурињо за судењето против Монца: Сум видел лоши судии, ама овој беше очаен!