Искусниот голман и капитен на Баерн (М), Мануел Нојер, објави нови фотографии од рехабилитација откако ја скрши ногата на скијање. За првпат по повредата, Нојер вчера тренирал со топка.
„Добро сум. Среќен сум што доаѓам во центарот за рехабилитација секој ден и тренирам. Рехабилитацијата оди многу добро, задоволни сме. И последните слики беа добри. Забавно е да се прави чекор напред секој ден. Сите сме оптимисти“, напишал Нојер.
Пред речиси три недели, тренерот Томас Тухел најави дека Нојер напредува со рехабилитација секој ден.
📸 Manuel Neuer on Instagram: Slowly but steady: I will be back pic.twitter.com/c4C69eAgKL
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) May 3, 2023