Брајтон во 90+9.минута со гол од пенал го урна Јунајтед! (ВИДЕО)

508

Уф, каква победа на Брајтон и тоа во деветтата минута од судиското продолжение против Манчестер Јунајтед од 1:0. И тоа со гол на светскиот првак, Аргентинецот МекАлистер, кој беше присебен изведувач на најстрогата казна и донесе еуфорија кај своите фанови и своите соиграчи.

Со оваа победа и овие три бода тимот на Брајтон сега се наоѓа на шестото место на табелата во Премиерлигата. Со овој пораз Јунајтед сега стравува за пласманот во Лигата на Шампионите, Ливерпул и тоа како се приближува.

ПретходноНеапол “ГОРИ“: Вака се слави титула…некаде од горе се радува и Диего! (ВИДЕО)
СледноЛука Дончиќ ќе ги плати погребите на убиените ученици во трагедијата во Белград!