Денеска во просториите на Ракометната Федерација на Македонија беа извлечени полуфиналните двојки за Купот на Македонија, кој од 11. до 13 мај ќе се одржи во СЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.
Бранителот на трофејот, Вардар 1961 ќе игра против Алкалоид, Пелистер против Пелистер.
Полуфиналето во машка конкуренција ќе се игра на 11. овој месец (четврток), во женска конкуренција е следниот ден, сатниците ќе бидат дополнително потврдени, се чека на потврда од МРТ, истите се пласнира да се играат: 17 часот со 19:30 или 17:30 со 20 часот.
Во женска конкуренција ќе се сретнат ЖРК Вардар – Ѓорче Петров и Металург – Куманово. Металург е бранител на титулата.