Готово е. Сонот и официјално, по цели 33 години стана стварност. Елиф Елмас и Наполи и официјално и дефинитивно се шампиони на Италија, апсолутно заслужено. Вечерва на „Дачија Арената“ им требаше бод, и дојдоа до него и тоа со голот на Виктор Осимен во 52.минута за 1:1. Претходно Удинезе поведи со убавиот гол на Ловриќ во 13.минута.
Видовме и “македонски дуел“ меѓу Несторовски и Елмас кој заврши без победник, со 1:1.
Сега и дефинитивно може да започне шампионската забава во градот под Везув каде во моментов е лудница.
Се чекаше на оваа титула 33 години, последен пат ја донесе Марадона во 1990 година, сега е време на Елмас, Осимен, Кварадона и другарите.
Ова е прва титула шампион на Италија на нашиот Дијамант.