Македонски дуел: Наполи со Елмас тргнува во Удине, со бод ќе ја слави титулата, стартер е и Нестор!

143

Само бод му фали на Наполи за да и дефинитивно стави печат на титулата вио Серија А. Вечерва во Удине со почеток од 20:45 часот, момците на Спалети ќе му гостуваат на Удинезе. На овој меч ќе гледаме и македомски дуел, имено Елиф Елмас е стартер кај Наполи, додека кај домашните во нападот од првата минута шанса добива Илија Несторовски.

Да кажеме дека иако мечот се игра во Удине, под Везув, на стадионот “Диего Армандо Марадона“ ќе врие.Повеќе од 55.000 билети се продадени и сите овие фанови на Наполи ќе го гледаат мечот на својот Наполи преку џиновски видеобимови.

Се е подготвено за славје на Елмас и другарите, недостига само бод.

Macedonian Football | Interview with Ilija Nestorovski

ПретходноТрогателни сцени пред Арената во Белград, Партизан ќе игра во комплет црни дресови! (ВИДЕО)
СледноМојсовски му додели признание на својот некогашен соиграч (ФОТО)