ПМФЛ: “Лавовите“ домаќини на ФФМ, а Работнички на “Борис Трајковски“ во Маџари!

302

Во недела се играат сите мечеви од 31.коло во ПМФЛ. Коло во кое може да се реши и битката за титулата. Струга ТЛ треба дома да го победи Силекс а на Чаир, гостинската Шкендија, не смее да слави над Шкупи, и така се ќе биде готово.

Сите мечеви се играат во ист термин, од 17 часот, така ќе биде и во последните две кола.

Инаку поради реновирање на теренот во Ѓорче, екипата на Македонија ЃП по вторпат ќе игра како домаќин на стадионот “Петар Милошевски“ на ФФМ во Лисиче. “Лавовите“ ќе ја пречекаат Победа.

Од друга страна екипата на Работнички се враќа во Скопје, но не и на Арената “Тодор Проески“ и мечот со Брегалница ќе го игра на стадионот “Борис Трајковски“ во Маџари.

Ако се знае дека и мега – дербито меѓу Шкупи и Шкендија се игра во Скопје, на Чаир, значи во недела од 17 до 19 часот ќе имаме три прволигашки мечеви во главниот град.

ПретходноМојсовски му додели признание на својот некогашен соиграч (ФОТО)
СледноБадел 1862 ја доби „мајсторката“ против Струга!