Работнички „брутално“ му се одмазди на Гостивар!

155

Работнички израмни во четвртфиналната пресметка против Гостивар на 1-1, на домашен терен го совлада со убедливи 80-53. Патникот во полуфиналето ќе биде решен во Гостивар.

Џелетовиќ постигна 18 поени и 9 скока, Шошкиќ реализираше 14 поени. На другата страна Митевски запиша 15 поени.

За разлика од дуелот во „Младост“, избраниците на Димитар Мираковски уште на самиот старт не му дозволија на противникот да помисли на победа и пласман во полуфиналето. Отворија со 15-2, по првата четвртина водеа со 21-11. Во исто темпо продолжи и во следниот период, па на одморот, Работнички водеше со 43-21.

Гостивар се мачеше во нападот, не функционираше ниту одбраната. Гостите беа очјани во реализацијата за три поени имаа 0/17 до 34 минута. Првата тројка ја постигна Жигон. На крајот имаа 1/22 од линијата за три поени.

Во 25 минута, кошаркарите на домашниот тим поведоа со 53-27, а кон истекот на овој дел таа порасна на 61-34 и 63-35. Работнички го намали темпото, со оглед на тоа дека доминираше на теренот, па на другата страна гостите го искористија овој момент за да го ублажат поразот.

ПретходноТод Боели: Секојдневно учиме за фудбалот, ќе се поправиме и ќе бидеме подобри
Следно„Сити Парк Бојс“ со посебна кореографија за Гоце Делчев!