Тен Хаг не знае колку пари ќе има за трансфери: Сите чекаме, проблем е сопственоста

170

Како што продолжува неизвесноста околу сопственоста на Манчестер Јунајтед, така и менаџерот Ерик Тен Хаг вели дека е на „стенд бај“ околу подготвувањето на летната селекција на фудбалери. Со оглед на тоа што не се знае кој ќе биде мнозинскис опственик на клубот, засега на „Олд Трафорд“ не се зборува многу за висината на парите кои ќе бидат потрошени ова лето за набавка на нови играчи.

„Немам влијание врз тоа. Не знам. Единствено што знам е дека Манчестер Јунајтед е еден од најголемите клубови, меѓу можеби двата најголеми клубови во светот од гледна точка на навивачите. Значи, мислам дека овој клуб треба да се натпреварува за највисокото во светот, во Лигата на шампионите, Премиер лигата. Но, во фудбалот ви требаат средства за да изградите тимови бидејќи нивото на вашите играчи ве прави успешен или не“, смета Холанѓанецот.

ПретходноСудиска анализа: Судиите досудија непостоечки пенал за Вардар
СледноКуп на Македонија: Вардар 1961 против Алкалоид, Пелистер против Пролет!