Триумфот на дуелот против Црна Гора

589

Младата репрезентација на Македонија до 18 години денеска на стадионот Тополица, во Бар го одигра вториот контролен натпревар против соодветната селекција на Црна Гора.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ издвојуваа заслужена победа со 1:2.

Домаќинот прв поведе со 1:0 преку Вујишиќ во 29. минута. Македонија со голот на Ристовски 10 минути подоцна го израмни резултат. Матески со гол во последната минута од натпреварот и донесе победа на Македонија.

Нашите млади фудбалери за разлика од првиот меч одигран помеѓу овие две селекции, одиграа многу поквалитетно и сосема заслужено издвојуваа победа.

Македонија: Спаско Ахтаров, Андреј Велков, Анес Мелиќи, Никола Манојлов, Давид Ристовски, Алији Аљтин, Бојан Ивчески, Никола Стојковси, Милот Синани, Невем Костадинов, Веби Ислами;

Селектор: Вујадин Станојковиќ;

ПретходноРајковиќ го посети Швед во болница
СледноВардар го чека „пекол“ во Битола, картите распродадени за 17. минути!