Вечерва од 20:30 часот се игра четвртиот меч од плеј – офот во Евролигата меѓу Партизан и Реал Мадрид. Српскиот тим има водство од 2:1 и во случај на победа вечерва и дефинитивно ќе се пласира на Ф4 кој се игра во Каунас (Литванија). Во случај на победа на Реал Мадрид, тогаш мајсторката се игра во Мадрид.
Сепак иако Арената ќе биде преполна, продадени се сите 20.000 билето, атмосферата ќе биде трогателна и тоа поради трагедијата што се случи вчера во учичиштето “Владислав Рибникар“ кога беа убиени десет ученици.
Поради тоа кошаркарите на Партизан ќе играат во комплет церни дресови, а речиси секој гледач пред да влезе во Арената оставаше по еден цвет или некој друг предмет во знак на сеќавање на убиените деца.
Нема што, на никому не му до кошарка вечерва.