У15: Македонија заврши како шеста на Турнирот на нации

1228

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 15 години предводена од селекторот Раде Каранфилоски, го освои 6. место на силниот меѓународен турнир на нации, кој изминатите денови се одржуваше во неколку градови во Италија, Австрија и Словенија. 

Македонија во првата фаза од турнирот го освои второто место во својата група, откако загуби со 2:0 во првиот натпревар против ко-домаќинот Италија, а потоа одигра нерешено 1:1 против Мексико.

Во мечевите од разигрувањето, славевме над Романија по подобро изведување на пенали, откако во регуларниот дел од мечот беше 1:1, за во битката за пласман на 5. место да бидеме поразени од Португалија со убедливи 4:0.

Р. Ирска го освои турнирот со победата во финалниот меч над Италија од 2:1.

ПретходноНавивачите на Партизан подготвуваат трогателно збогување со жртвите од масакрот
СледноЧувара, Костески и Хенеберг во „Најдобрите 7“ во СЕХА-четвртфиналето (ВИДЕО)