Њукасл урива трансфер рекорд: Понуда од 70 милиони фунти за Рафиња

678

Њукасл би можел да го урне сопствениот трансфер рекорд за да го купи првотимецот на Барселона, Рафиња.

„Страчките“ долго време беа поврзувани со крилниот напаѓач на Барселона и можеби летово ќе добијат шанса да го вратат во Анлига, но за сума од околу 70 милиони фунти. „Мундо Депортиво“објави дека Бразилецот е една од големите цели на Еди Хау во летниот прозорец, додека „Њукасл хроникл“ тврди дека тој може да го чини клубот 70 милиони фунти.

Шпанскиот трансфер инсајдер Жерар Ромеро верува дека веќе е испратена вербална понуда од Њукасл до првите луѓе на Барселона.

ПретходноСити под Пеп постигнал 1000 гола за рекорден број мечеви
СледноРајковиќ го посети Швед во болница