Реал Мадрид се подготвува за финалето на Купот на Шпанија кое ќе се одигра во сабота навечер против Осасуна, и според последните информации Анчелоти на овој меч ќе може да смета на двајца проверени првотимци – Модриќ и Алаба.
Повредата на Лука Модриќ се закани да ги менува плановите на Карло Анчелоти, но сега постои оптимизам дека тој ќе биде подготвен за финалето. Дали ќе почнево првите 11 или од клупата ќе се знае непосредно пред мечот.
Позитивни вести има и за Давид Алаба, кој по третпат се опоравува од мускулен проблем во тековната година. Сепак, Австриецот тренира и изгледа дека ќе биде партнер со Едер Милитао во дефанзивната линија против Осасуна.