Бадел 1862 ја доби „мајсторката“ против Струга!

73

Кошаркарките на Бадел беа подобри во „мајсторката“ против Струга 2009 (56:53) и закажаа финале со Баскет Кам 2011.

Струга 2009 и Бадел 1862 одиграа неизвесен натпревар. По голема брба, во текот на сите 40.минути, како победник излезе екипата која го брани шампионскиот пехар-Бадел 1862 и тоа благодарение на расположените Матие и Димитријевиќ.

Матие дојде до бројката од 18 поени, а Димитријевиќ запиша 15 поени. Софи Ли имаше 24 поени кај Струга 2009, Шеќероска даде 10.

Финалната серија во која ќе играат екипите на Баскет Кам 2011 и на Бадел 1862, стартува во недела (16.30 часот), во салата „Кирил и Методиј“ во Македонска Каменица.

Новиот шампион на Македонија ќе биде екипата која прва ќе стигне до три победи во серијата.

ПретходноПМФЛ: “Лавовите“ домаќини на ФФМ, а Работнички на “Борис Трајковски“ во Маџари!
СледноСевилја со пресврт до триумф против Еспањол, Џирона подобра од Мајорка! (ВИДЕО)