Кошаркарите на Реал Мадрид ја покажаа својата големина…. едноминутно молчење и на тренинг (ВИДЕО)

831

Трагедијата која што се случи во Белград, главниот град на Србија во која од страна на соученик беа убиени осуммина ученици како и едно возрасно лице, ја потресе буквално цела планета.

Судбината сакаше сето ова да се случи за време на одигрувањето на плеј оф серијата од Евролигата во кошарка помеѓу домашниот Партизан и Реал Мадрид. Вечерва од 20:30 часот се игра четвртиот меч од серијата во која Партизан води 2:1.

Истиот е закажан секако во Арената Штарк во која синоќа Реал го одработи задолжителниот тренинг.

Како што доликува, екипата на Реал во името на починатите, стоеше простум и молчеше една минута што секако е за огромен поздрав. Ја потврдува само човечката страна која се буди во секој кога ќе се случи ваква трагедија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TeleBuzzer🏀 (@tele.buzzer)

ПретходноВардар го чека „пекол“ во Битола, картите распродадени за 17. минути!
Следно„Гробари“ нема да навиваат во првото полувреме против Реал!