Само бод му фали на Наполи за да и дефинитивно стави печат на титулата вио Серија А. Вечерва во Удине со почеток од 20:45 часот, момците на Спалети ќе му гостуваат на Удинезе. На овој меч ќе гледаме и македомски дуел, имено Елиф Елмас е стартер кај Наполи, додека кај домашните во нападот од првата минута шанса добива Илија Несторовски.
Да кажеме дека иако мечот се игра во Удине, под Везув, на стадионот “Диего Армандо Марадона“ ќе врие.Повеќе од 55.000 билети се продадени и сите овие фанови на Наполи ќе го гледаат мечот на својот Наполи преку џиновски видеобимови.
Се е подготвено за славје на Елмас и другарите, недостига само бод.