Миленкоски и официјално ќе не води на Европското првенство

328

Нашиот најдобар одбојкарски стручњак Јошко Миленкоски од денеска и официјално е нов селектор на репрезентацијата на Македонија.

На официјалната прес конференција која што се одржа предмалку, Миленкоски по 15 години повторно станува наш национален кормилар,во годината во која Македонија ќе биде учесник и ко-домаќин на Европското првенство.

Покрај промоцијата, Миленкоски ја искористи оваа можност да го објави и официјалниот список на одбојкари на кои ќе смета за настапипите во Европската Златна лига.

„Долго време разговарав со ова раководство на ОФМ за да се вратам на селекторската позиција, но по се изгледа сега дојде вистинското време. Имав многу ангажмани надвор, па некако и не бев во можност порано да се нафатам со селекторската работа. Сега доаѓам да го продолжиме добриот тренд со настапите на европските натпреварувања. За резултатите и очекувањата ќе зворуваме кога ќе завршиме со еден дел од подготовките. Почнувам со 20 играчи на првиот микро циклус во Маврово веќе утре. Ќе бидеме таму седум дена. Во целиот период на подготовка во три микро циклуси ќе одработиме триесетина тренинзи кои мислам дека ќе бидат доволни“ – рече новиот одбојкарски селектор на Македонија па додаде.

„Настапот на Златната лига ќе ни биде како генерална подготовка за главниот настан, европското првенство во Скопје во август и септември. Засега со ОФМ сме договорени за овој циклус, по европското првенство повторно ќе седнеме и ќе видиме како понатаму“ – рече Миленкоски.

ПретходноДербито Шкупи – Шкендија ќе го суди Ставрев
Следно„Патриотско друштво“ донираше пари за Вардар