Група навивачи на Пари Сен Жермен вчера ја посетиле куќата на Нејмар во Париз и со погрдни зборови барале од него да си замине. Се чини фрустрациите кај тамошната фудбалска јавност од однесувањето на најголемите ѕвезди на тимот како Меси и Нејмар ќе ги натера и двајцата ова лето да ја напуштат француската престолнина.
Бразилскиот напаѓач веќе извесно време е повреден и дури неодамна се врати во Франција за да го продолжи опоравувањето. Групата навивачи кои отидоа во домот на Нејмар откако Меси доби клупска суспензија, извикувале пароли како „Нејмар е*и се“, откако тој одговорил со „лајк“ на фотографија на Меси облечен во дресот на Барселона на Инстаграм.
Нејмар го одигра својот последен натпревар за ПСЖ во февруари, а се уште има активен договор со клубот до летото 2025 година.
📸 PSG fans in front of Neymar’s house pic.twitter.com/wXgIOBNM6M
— ParisienTimes (@parisientimes) May 3, 2023