Иако годинешнто финале на Купот на Македонија, меѓу Струга ТЛ и Македонија ЃП, беше закажано за 20 мај во Струмица, сепак истото е “преселено“ во Скопје, но не на Арената “Тодор Проески“ туку на ФФМ, односно на стадиот “Петар Милошевски“.
Ова е направено пораду ужасно лошиот терен на стадионот во Струмица, но и поради низа други бројни недостатоци.
Па затоа деновиве надлежните во ФФМ одлучија завршниот меч од Купот да се игра, за првпат во историјата на самостојна Македонија, на стадионот на Фудбалската Федерација на Македонија во скопската населба Лисиче.