Интересен меч од 33.коло во Ла Лига се одигра во Андалузија. Севилја со 3:2 славеше против Еспањол, иако губеше со 1:2.
Важно три бода за составот на Севилја, кој поведе со голот на Гил во 22.минута. Еспањол не само што израмни со автоголот на Рекик во 29.минута, туку и поведе преку Пуадо во 43.минута. Со тие 1:1 се замина на пауза.
Во вториот дел домашните направија пресврт, прво Окампос од пенал во 69.минута израмни на 2:2, за да во 88.минута Гаја донесе триум.
На вториот меч кој се одигра во ист термин, Џирона со 2:1 успеа да ја победи Мајорка.
Бернардо и Кастељанос беа стрелци за домашните, додека за гостите стрелаше Муричи.