Трогателни сцени пред Арената во Белград, Партизан ќе игра во комплет црни дресови! (ВИДЕО)

1262

Вечерва од 20:30 часот се игра четвртиот меч од плеј – офот во Евролигата меѓу Партизан и Реал Мадрид. Српскиот тим има водство од 2:1 и во случај на победа вечерва и дефинитивно ќе се пласира на Ф4 кој се игра во Каунас (Литванија). Во случај на победа на Реал Мадрид, тогаш мајсторката се игра во Мадрид.

Сепак иако Арената ќе биде преполна, продадени се сите 20.000 билето, атмосферата ќе биде трогателна и тоа поради трагедијата што се случи вчера во учичиштето “Владислав Рибникар“ кога беа убиени десет ученици.

Поради тоа кошаркарите на Партизан ќе играат во комплет церни дресови, а речиси секој гледач пред да влезе во Арената оставаше по еден цвет или некој друг предмет во знак на сеќавање на убиените деца.

Нема што, на никому не му до кошарка вечерва.

ПретходноНишто од Струмица: Финалето во Купот на Македонија и дефинитивно се игра на ФФМ!
СледноМакедонски дуел: Наполи со Елмас тргнува во Удине, со бод ќе ја слави титулата, стартер е и Нестор!