14-тата сезона на атлетската „Дијамантска лига“ беше отворена со првиот митинг кој се одржа вечерва на Интернационалниот стадион Калифа во Доха.
На програмата оваа сезона се 14 митинзи, а атлетичарите ќе се натпреваруваат во вкупно 32 дисциплини, по 16 во машка и женска конкуренција.
Секоја дисциплина ќе биде најмногу осумпати во програмите на митинзите каде што атлетичарите ќе собираат бодови. Најдобрите шест, осум или десет, во зависност од дисциплината, ќе настапат на финалето во Јуџин, САД на 16 и 17 септември.
Во еден од најинтересните настани на вечерта, Американката Ша’Кари Ричардсон победи на трката на 100 метри со најдобар резултат оваа сезона, 10,76 секунди. Втора беше Јамајчанката Шерик Џексон со 10,85, додека трета беше Британката Дина Ашер-Смит која истрча 10,98.
Ричардсон го подобри рекордот на митингот (10,80), кој беше актуелен од мај 2016 година во сопственост на Американката Тори Боуви, која почина во средата на 32-годишна возраст.
BOOOM!!
10.76s!!
World Lead ✅
Meet Record ✅Watch Sha’Carri Richardson 🇺🇲 beat Shericka Jackson 🇯🇲 in the women’s 100m at the Doha Diamond League in 10.76s!🔥
Jackson was 2nd in 10.85s. pic.twitter.com/cBIWoUH0w6— oluwadare (@Track_Gazette) May 5, 2023
Двојната олимписка победничка од Рио де Жанеиро и Токио, Кенијката Фејт Кипјегон го истрча најдоброто време сезонава на 1.500 метри – 3:58.57.
Американецот Фред Керли победи на 200 метри со време 19,92, а светскиот шампион во фрлање диск, Словенецот Кристјан Чех, убедливо победи со втор сезонски резултат – 70,89 метри.
Следна станица на Дијамантската лига е Рабат на 28 мај.