Во четвртокот Манчестер Јунајтед загуби со 0-1 кај Брајтон, со што им ја отежна задачата во борбата за место во топ 4. Лук Шо играше со рака и судијата покажа пенал, а го реализира Мекалистер во последните секунди од мечот.
„Сите знаеме во што е проблемо. Проблем за нас цела сезона е што не постигнуваме голови кога треба. Во првото полувреме имавме три до четири убави шанси за погодок. Мислам дека тоа ни се случи многу пати оваа сезона“, изјави Шо.
„На крајот се се сведува на мојата грешка. Да се вратиме на тој меч. Имавме многу шанси моравме да постигнеме гол. Мечот ќе беше комплетно поинаков ако дојдовме во предност. Загубивме многу поени оваа сезона поради тоа што сме неефикасни, ако го гледате само првото полувреме , требаше да водиме со 3:0. Што се однесува до мојот потег, искрено и самиот не можам да си објаснам што бараше мојата рака на тоа место“, заврши Англичанецот.
Јунајтед идното коло игра против Вест Хем.