Невиден кикс во Евролигата: Партизан во еден момент со шест кошаркари против Реал! (ВИДЕО)

522

Ете и тоа го има во Евролигата, во битката за пласман на Ф4 во Каунас, среде Белград, на четвртиот меч во серијата меѓу Партизан и Реал Мадрид. Имено се случил невиден кикс и тоа така поминало кај тројцата судии, во еден момент Партизан имал шест играчи на паркетот.

Ова се случило во последниот напад од втората четвртина кога кај домашните влезе Ексум, но никој не го напушти теренот.

Вакви моменти и пропусти не се случуваат ни во аматерските лиги, а еве вчера бевме сведоци дека го има во Евролигата.

Инаку и ова не му помогна на Партизан кој го загуби и вториот меч во Белград од Реал Мадрид и успеа да испушти златна предност во серијата од 2:0. Сега е 2:2, па така ако сака тимот на Жељко Обрадовиќ да се најде на Ф4 во Каунас, ќе мора да го победи Реал и тоа во Мадрид во „мајсторката“ која се игра во среда.

ПретходноМоника Стојковска и Филип Панчевски со победа ја започнаа одбраната на титулата
СледноПРВАТА ТУРНИРСКА ФАЗА ВО „СВРТИ, ТИПУВАЈ И НАГРАДИ СОБИРАЈ“ на 2win.mk ЗАВРШИ, СЛЕДУВА СРЕЌНО ТРКАЛО