Сопствениците на Манчестер Сити продолжуваат да инвестираат во купување на нови клубови од различни делови на светот. Конзорциумот „Сити фудбал груп“ го купи бразилскиот Баија, кој е 13-ти клуб во „колекцијата“ на катарските газди.
Баија се натпреварува во најсилната бразилска лига и два пати бил шампион на Бразил, но последен пат тоа се случило во 1988 година.
„Во Бразил фудбалот е спорт број 1, но не се развива како што треба од економска гледна точка, како што е во Европа во последните 20 години. Денес, Премиер лигата е за начинот на кој таа е структурирана. Од нас и од останатите клубови во Бразил зависи дали ќе го подигнеме бразилското првенство. Потенцијалот е извонреден. Тука се раѓаат најголемите таленти во светот. Не можеме да ја пропуштиме оваа можност да помогнеме“, изјави Феран Серано, кој е еден од одговорните луѓе во Сити Фудбал Груп.
Баија стана третиот јужноамерикански клуб во „Сити фудбал груп“, приклучувајќи им се на Монтевидео Сити Торки во Уругвај и партнерскиот клуб Боливар во Боливија.
Списокот го комплетираат Манчестер Сити, Њујорк Сити, Мелбурн Сити, Јокохама Ф Маринос, Џирона, Сечуан Џиуниу, Мумбаи Сити, Ломел, Троа и Палермо.
O GRUPO CITY VAI DOMINAR O MUNDO! 🌎🔵 Com a compra da SAF do Bahia, se liga nos clubes em que o dono do Manchester City tem participação. Sabia de todos, torcedor? pic.twitter.com/zxukBqYZiD
— TNT Sports BR (@TNTSportsBR) May 4, 2023